технички прид.

технички (прид.)

Трето, таа ги овозможува техничките усовршувања, а спрема тоа и остварувањето на дополнителна добивка во споредба со „чистите“ (т.е. некомбинирани) претпријатија.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
До колку доаѓа, макар и привремено, до монополни цени, до толку исчезнуваат до извесен степен стимулите за технички, а спрема тоа и за секаков друг прогрес, за движење напред; до толку, понатаму, се појавува економската можност вештачки да се задржува техничкиот прогрес.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Крупните претпријатија, особено банките, не само што директно ги голтаат ситните, туку и ги „присоединуваат“ кон себе, ги потчинуваат, ги вклучуваат во „својата“ група, во својот „концерн“ – како што гласи техничкиот термин – по пат на „учество“ во нивниот капитал, по пат на купување или размена на акциите, со системот на кредитирање итн., итн.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Интересна техничка новина претставува проветрувањето на блоковите со помош на специјална апаратура, која влегува во дејство сообразна на температурата и влагата на блокот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
По завршувањето на некакво техничко училиште во Крагуевац, Неделко долго службуваше по малечките железнички станици низ Србија и низ Босна, сѐ додека, во 1934-та, не го донесоа за шеф на Бакарно Гумно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Знаењето не е замена за талентот, но талентот потпомогнат со големо техничко знаење го сочинува книжевниот мајстор.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Одеднаш, концептот за сајберспејс се рашири и стана инспирација за вистинските хакери; тие почнаа да ги пренасочуваат своите интереси кон техничката арена.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
„Повеќето компјутерски ентузијасти и многу хакери се технички добро потковани но не се во контакт со поширокиот свет.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Социјалистичкиот кич прокламираше своја идеологија: братство и единство, интернационализам, социјална еднаквост и технички прогрес.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Мислам дека тоа во технички поглед беше грешка, бидејќи поради тоа го напуштив чистиот филм.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тоа ќе потрае сѐ додека долговите не бидат платени, сѐ додека американското стопанство не биде способно своите задолжувања да ги намалува со зголемување на порезот и со мерки на штедење, сѐ додека европското стопанство не биде способно своите пазари да ги проширува на големи пространства, сѐ додека техничкиот напредок не ги деблокира кочниците што го закочуваат светското стопанство.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Овој развој, поврзан со оној на етнологијата и на историјата на писмото, нѐ учи дека фонетското писмо, средиштето на големата метафизичка, научна, техничка, економска авантура на Западот, е ограничено во времето и просторот, самото се ограничува токму во оној миг во кој својот закон им го наметнува на културните полиња, единствените кои сѐ уште му се измолкнуваат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Особено во споредба со Холивуд, кадешто техничкото совршенство е императив на професионализмот, Ворхоловите филмови се работени крајно аматерски: тон со лош квалитет, често неразбирлив и таинствен и бука од off просторот во звучните филмови, неизострена и неквалитетна визуелна текстура, излегување од фокусот, осветлени делови на филмот итн.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Баш техничко момче. Ептен.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
На пример, за еден инженер или лабораториски хемичар логично е да се претпостави дека ќе имаат потреба за поголемо количество на технички податоци.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Феноменот не сум го истражувал научно, туку само неговата техничка страна.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Повеќето се фирми и институти што имаат технички можности за употреба.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Поштата економски и технички е најдостапното и најраспространетото средство за меѓучовечка комуникација на далечина.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Најпрвин треба да ви објаснам дека тој има посебна слабост за секакви технички дрангулии, и во тоа време беше луд по грамофони.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Морав да бидам многу внимателен, да ги избегнам теориите на деконструкција, зашто тие не се од помош при разјаснување на проблемите што можат да го приближат техничкиот свет до јавноста и до умните луѓе.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Повеќе