таблета ж.

таблета (ж.)

Му ја стави таблетата на јазикот. „Голтни ја!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
БАРБИТУРАТИ (BARBITURATES) Форма: таблети, пилули, еликсир, инјекции. Времетраење на дејството: од три до шест часа. Законски статус: се издаваат само на рецепта.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Лесно доаѓа до овердоуз:десетина таблети можат да ве убијат, а ако ги мешате со алкохол доволни се и пет.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Често прашокот од здробените таблети се вшмркува како кокаинот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Процедурата за идентификување на специфичните таблети е комплицирана, но лаборато­рискиот извештај е првиот најважен чекор, и додека Херман ги става во кеса и ги обележува двете неидентификувани таблети, нивниот сопственик седнува до мене.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Вистина е дека тестовите не покажале дека има некакви психолошки оштетувања, но мислам дека секој што редовно зема по 4 или 5 таблети, секако си прави некакво физичко оштетување.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Поголемиот дел од овој вид таблети ќе се продава како Екстази бидејќи тоа е она што луѓето го сакаат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Огромни делови од тој живот, дури и за еден член на Партијата, беа неутрални и неполитички, беа прашање на какво-такво извршување на мачни работи, на борба за место во подземната железница, на крпење истенчена чорапа, на измолување една таблетка сахарин, на зачувување догорче.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, причекајте. Дозволете ми да ви дадам една од овие таблетки.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше донел еден плик полн со кафе „ Победа“ и неколку таблетки сахарин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од сета терапија на својата комплицирана дијагноза тој највеќе го применуваше десеттиот рецепт од Богевиот совет да не се нервира; па затоа полната дланка апови, таблети и капсули трипати на ден ја заменуваше со три полни напрстока од капачето на шишето коњак.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се сетив на кутијата со таблетки. Најдов аспирини со непоминат рок.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Јас, јас поминувам еднаш неделно на Онкологија да земам нова доза таблетки за чичко ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Потоа, татко ми своите таблети ги пиеше редовно, во нејзино друштво, со четврт бурек и јогурт, таму горе на ридот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во сестринската соба возбудено се обидував да им раскажам дека лековите не ги голта, тој, а тие се смееја и тогаш дознав дека тоа се витаминчиња, а дека секој 21 ден добиваат по една депо-инјекција и дека се раат до следната, а овие другиве, ситни разнобојни таблетки се само мамец и дека можат и без нив.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)