најпрв (прид.)

- И јас така сум чул, - потврди дедо Најдо. – Туку сум чул и тоа дека Дико на Лумана му бил најпрв пријател.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Пред да биде погубен Арслан бег со дружината, додека акаше низ полето за да го дофати Владимира Акиноски, во време жетва, беше наумил да ја грабне за брата си Салија најпрвата убавица во Потковица, Руса Јанческа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Митра беше најпрва убавица во Потковицата и околните населби, гордост на сиот сој Ризески и посебно на татка си Анѓелета, а овој Алексо, може не по своја вина, имаше искршкан живот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Арслан бег мислеше на најпрвата убавица во Потковицата, на Руса Јанческа и на христијаните им се прекасаа здивовите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не беше друга. За мене тоа беше прва и најпрва работа на светот во тој момент.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Па токму со тоа си ме навредил: јас не сум никој... јас сум ти најпрва другарка... јас те запознав со сите...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сѐ ми се чини оти најпрва на лизгавицата стапна онаа моја несудена пријателка Рајна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сѐ уште не изустила ни збор ни воздишка, ни оф, ни леле, трча по пеперугата на моминството, најпрвата варијанта, и ме влечка од аголот кон средината на собата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)