набрзина прил.

набрзина (прил.)

Литературните обиди на македонските пишувачи во XIX век, за жал, немаа такво значење за да добијат следбеници, затоа ако и сега во XX в. гледаме некои обиди да се пишува на македонски, тоа не се прави свесно и од некакви патриотски влечења и цели, ами само за забава; 159 Во тоа се состои разликата на нашата, т.е. македонската духовно-национална преродба од онаа на другите православни словенски народи, со други зборови: како што понапред ние постепено и први се просветувавме со христијанството и со писмото, а другите Словени – по нас и набрзина, така пак сега, во времето кога сите православни Словени постепено си изработија свои литературни јазици, свои богати литератури и постепено изработени правописи, ние остануваме поназад од сите, тукуречи без литературни традиции – не затоа што ги немаме, а зашто го забораваме своето изучувајќи го туѓото.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Наставата почна. Крсте напиша набрзина што му зададе даскалот и се замисли. „Како да се опула кај неа?“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Рипна весело, набрзина си ги испегла своите замрсени пердувки и полета во студената зимска вечер.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тие му објаснија нешто набрзина нему, грабнувајќи по еден сосема кус миг да се поднасмевнат во таа своја разјареност, со една иста така разјарена, но и задоволна насмевка, како по некоја успешна експлозија, која и нив ги исплашила но и ги израдувала најмногу од сѐ, тоа траеше сосема кусо, а после сите се наведнаа и го слушаа, додека тој им зборуваше тивко, споро, но остро, гледајќи го секого од нив со еден светнат, жив поглед, кому ништо не му се прокрадуваше незабележано.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Драги другари, Писмово го пишувам набрзина и несредено.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Замрморува набрзина и го смирува лицето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Со ноже го распараа конецот од самарчето, го ставија внатре писмото, набрзина го сошија, и, како ништо да не било, се вратија назад и седнаа на буката.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кога беше готов, рече: - Уште да ги расечам, - рече погледнувајќи во Котета и набрзина одмерувајќи ги братучедте.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Бојан влезе кај овците, набрзина разгледувајќи ги оние што лежеа, барајќи некое ново јагне, иако не го очекуваше, па откако не пронајде новоојагнето, истрча во тремот и ја зграпчи лопатата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Уште со појавувањето, ја грабнаа кајмакамот и бимбашијата и набрзина ја распрашаа колку пушки имаат, колку бомби и фишеци, но таа кажа само колкумина се, a за другото ги стегаше раменците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И сега Бајракот напред, по него Јован, a по Јована Петко.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се поздравив набрзина и со трчање отидов во училиште, зашто беше доцна, без да разберам која беше другата жена со тетка Рајна и што бараше кај нас.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Рака на срце, јас сум тука одвај неколку часа и немам право да зборувам, ги немам објективните аргументи, но од она што набрзина го видов, не сум импресиониран.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Набрзина тргнавме, а јас само го посматрав Колета, како ќе реагира тој на она што нѐ чека.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Јас некогаш ќе погледнам набрзина: снегот свети, ама свети со црна светлина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Построени, со еднаков чекор и песна се враќавме под врбата, дваесетина минути не вежбаше Маријанти рамен строј и чекор, а потоа добивавме чинија макарони (секогаш за ручек и вечера макарони), јадевме набрзина и одевме на спиење.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Го прелистаа набрзина и очите ги запреа на некои белешки: „Научната работа е тешка; бара големи маки и напори за да се дојде до вистината...“
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Не ми оставија време и да се почешам, што се вели. Толку беше набрзина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Се свртев и се обидов да плукнам низ заби како што тоа го прави Абраш, ама плуканицата ми се исцеди низ брадата и јас набрзина, пред да ме забележи некој, ја избришав со рака.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Помисли да го собере набрзина потесното градско партиско раководство, повеќе за да ја сподели одговорноста, но за тоа немаше време, а и за ефектот не беше сигурен.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе