дамна прил.

дамна (прил.)

Некаде ѕвони. Премногу дамна и сега.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Го фати ветерот што беше на минување, го заплетка во своите гранки со ретки лисја и се обиде да зашуми некоја дамна заборавена песна.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Но во ова пролетно утро и тој почувствува како му надоаѓаат сеќавања за дамна одминатите млади времиња.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Сал патот дамна оттука што минал ми буричка во некои тајни места и не престанува да ечи во мене.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Во сонот што го совладал дамна мирисот на заборавените полја што не постоеле што ги вика дамнешните неизречени гласови што ги нема.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Интимно размислуваше, но се плашеше често на тоа да мисли, дека некој дамна, дамна згрешил кога решил богатите прекуноќ да станат сиромаси, а сиромасите богати.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се креваше дамна некренатата градска прашина од копитата на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Веќе дамна го напушти фантазирањето со механичките имитации на животот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Или ќе ги извикаат имињата на другите неродени или дамна мртви и одвеани од ветерот што мириса на вино или на сол или тивките струења што го издигаат балонот или ветерот од хемискиот оган.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Дамна низ животот Минав Сега сум знак На она што бев Плитко изрежан грев Врз парче Сушена Глина.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
За мене тоа беше ненадејниот вистински повик од себе да ја ослободам дамна потиснуваната вистина за мојот судир со Атеистичкиот музеј при моето враќање во сталинистичка Албанија во 1979 година.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Дедо Мраз го ставил своето огледалце на капката, односно на празнинката од глобусот, и замолил тивко, тивко: ОГЛЕДАЛЦЕ, ОГЛЕДАЛЦЕ, НАЈВЕРНИЧКО НА ДЕДО, ВО ГЛАВАТА ДАМНА МИСЛА ЧУДНА ГЛОЧКА: КАЖИ МИ, ТЕ МОЛАМ, ШТО ЛИ СЕ КРИЕ НА ГЛОБУСОВ ЗАД ПРАЗНАВА ТОЧКА?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Се сеќаваме на фразите „Некогаш дамна / во далечна Галаксија“!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се појави уште таму, во Гаково, дамна пред да се напикаат во вагоните што ги истурија тука.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Езерото го населиле првите облици на живот, дамна пред човекот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Беше силно чувството дека еден ден, по воден пат, ќе им се придружиме на дамна заминатите и сите заедно ќе го бараме патот на враќањето...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Почнав со посетата на онаа нива во Далјани, во која дамна, седнат во топлата свежо изорана бразда што се испаруваше, гледав како волците слегуваат по сртот на планината, темни четинари спроти пролетната проѕирност, гледав како две чавки ја опчекориле, гладни, нашата ровка земја, и како волците стигнуваат зад стапалата на татка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Да, истото она дете кое со Свирчета, со другарчето, дамна во детството, со една книжна двадинарка, со денови, потоа со недели и месеци, се качуваа горе кај онаа стара кооперација, државната селска продавница, за да купат една бишкота, она што денес го викаме, наполитанка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Исправен под небесниот волумен, како сваперен, сенка на некој мртов, на дамна мртвиот Никола Поцо, наслушнував да ги насетам промените во почвата долу и да видам дали се тоа победи и слава, или нешто што е подобро и да не се знае.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дамна беше кренат балканскиот ѕид-граница низ кој мина Мајка, пред многу години.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повеќе