потомок м.

потомок (м.)

Да се покажеме достојни нивни потомци: да им ги зачуваме славните имиња и да го зачудиме светот со нашата храброст, умешност и самопожртвуваност; да го отресеме од себе срамниот јарем што нѐ гуши пет века…”
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Затоа ги молам сите живи а на умрените — нивните потомци, да не го земаат за зло и навреда ако се прикажани како негативни личности.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Имено, овдека, во заветрината на Петочната Вода, со својот булук, со своите овчари, коњи и шарпланинци, сѐ до крајот на последната Голема војна, доаѓаше на зимување стариот мијак Рафаиле, потомок на Ѓурчина Кокалески.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тие, Алиловите потомци, раскажуваа дека додека едни од нивните одамнешни соплеменици работеле како аргати по чифлизите, други ковале српови, дупчеле решета, потковале коњи, трети, жените и децата, вражале и краделе по селата, тој, ли, некогаш убав и силен ковач, тогаш веќе остарен и ослепен, останувал во чергата, а со него, за да го чува, Шава, прекрасна и немирна девојка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Набрзо по отселувањето на мајсторите и Дамческите, од Потковицата си заминаа во Прилеп и Муслиоските, потомците на Кемал бег, син на `Рслан бег син на Мусли бег.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Минаа пет генерации откако Завојувачите допловија до Островото. Малубројните потомци, без жестината и свирепоста на прадедовците, постепено исчезнуваа во морето доморотци.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Русокос, со сини очи и белоблед, сличен на овдешниот поет Фахри Каја, не толку слаб колку тесноколк, да поверуваш дека дошол од некоја земја на северните народи или дека коренот му лежи негде зад Карпатите, го напушти градов пред петанесетина години и отиде таму од кај што дошол, според неговата увереност, некој негов подалечен дедо, бег, воин или патник кој се оддомил во непозната и покорена земја и оставил потомци.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Со чувство на вина што не се простува, ноќта се распаѓала на резенки и претставувала уште само сенка на ридови и на ритчиња, премногу косопасни и соголени од чифлигџии и селски копуци за да минат запрегите низ шума или да се присокријат негде призраците на Самоиловата коњица, или на Крум или на Душан, или на кој и да е војувач на ова парче земја чиј народец го проретчувал кој како ќе стаса, најпосле врз неговата тиква да се струполи и топузот на Бајазитовите потомци, тој топуз да ги потурчува каменот, земјата и човекот со тапија потпишана одлево надесно и да граба од 'ржена слама машки деца - подоцна под сабјата на младите јаничари да дојде понекогаш родниот брат или татко, ни колачот ни закланиот да не знаат дека крвта пролеала своја крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во Грција е прв крал баварскиот потомок Ото, и се раѓа еден Леополд (под протекторат на еден Леополд ќе се создаде колонијалистичкото Интернационално африканско здружение), и се раѓа американскиот засмејувач и исмејувач Марк Твен, врсник на рускиот сатиричар Минаев, и една јармодржечка сенка ѝ ја отстапува круната на другата што се надвиснува над подјармени народи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас, потомокот на Сет што на силниот Робер Гискар му го претскажа задниот час.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Беше наслушнала дека на стотина метри од местото постои некоја стара, напуштена куќа, подобро урнатина во која пред војната живеел последниот потомок на семејството морепловци.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Исушената, изнемоштена рака му го нуди каменот, и пламенитата порака врежана во него, пораката на луѓето од златната раса, боговите во човечки лик што уживале во светот на белите еднорози, која е осудена да минува низ алчноста, лекомисленоста на калливите потомци, на кои им припаѓаат и синот Азаев, и патрициот Константин, и бедниот Сириец, и тој самиот, и младиот придружник што маѓепсано го голта каменот со засолзени, од возбуда, поглед – заточеници на сопствената нискост.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А јас ја гледам таа слика и во мене се буди една гордост, му се фалам на некој западен човек, му кажувам дека јас сум потомок на овој јунак.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кога помислуваше на иднината на своите потомци на Балканот, најмногу страхуваше од експлозиите поради повеќеверството.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во себе длабоко жалеше што некоја генерација од неговите потомци можеби сигурно ќе настрада.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе не се нервирам, решив да преживеам. Гледам како малите тивки патриоти ги преместуваат кириличните книги во подрумите, на своја рака, се разбира, но еден ден потомците ќе им бидат благодарни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоа беше јасен показ од грани­цата помеѓу животот и смртта за сите нас, неговите потомци дека најмногу се оставил во своите книги и неговото сигурно продолжување можеше сигурно најмногу да биде низ нив...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Дали кај некој од неговите потомци овој потиснат сон ќе избувне, ќе наложи излез, тоа повеќе не беше во кругот на неговиот живот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој е потомок на старо аристократско семејство кое со генерации е гнездо на благородни духови и умови!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Беше сигурен дека тој тоа нема да го доживее, но во ракописот имаше аргументи дека неговите потомци ќе се ослободат конечно од изолацијата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе