компулсивен (прид.)
Ма, да не се лажеме, нека биде меѓу нас, ама Јадранка и не беше којзнае каков авантурист или екстремист, ниту пак беше компулсивно - анксиозна, ниту пак беше премногу амбициозна, ниту пак имаше преголемо IQ.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Семејните драми компулсивно се одигруваат претерано, се преувеличуваат крајно несразмерно со сето она што видливо го засегаат, па оттука неминовно се и театрални.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)