банковен (прид.)
Затоа, без да го забораваме условното и релативното значење на сите дефиниции воопшто, кои никогаш не можат да ги опфатат сестраните врски на појавата во нејзиниот полн развиток, треба да се даде таква дефиниција на империјализмот којашто би ги содржела овие пет основни негови белези: 1) концентрацијата на производството и капиталот, која дојде до таков висок степен на развитокот што ги создаде монополите, кои играат решавачка улога во стопанскиот живот; 2)
спојување на банковниот капитал со индустрискиот и, врз база на тој „финансиски капитал“ создавање на финансиската олигархија; 3) извоз на капитал, за разлика од извозот на стоки, добива особено важно значење; 4) се образуваат меѓународни монополистички сојузи на капиталистите кои го делат светот, и 5) завршена е територијалната поделба на земјата од страна на најкрупните капиталистички држави.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Некакви три до пет најркупни банки од најразвиените капиталистички нации остварија „персонална унија“ на индустрискиот и банковниот капитал, го концентрираа во своите раце располагањето со милијарди и милијарди, што го сочинуваат најголемиот дел на капиталот и паричните приходи на целата земја.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Но факт е дека дури и буржоаската литература што се занимава со германското банкарство постојано мора да оди далеку преку границите на чисто банковните операции и да пишува, на пр., за „привлечноста на банките“ по повод сѐ почестите случаи државните чиновници да преминуваат на служба во банките:
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Згужвано топче нови јени, излитено адресарче стегнато со ластичиња, банковен чип од „Митсубиши“, јапонски пасош со златна хризантема отпечатена на кориците и кинеска 22- ка.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Од својата торба извадив нов пасош, холандски, швајцарски банковен чип на исто име и ги пикнав во твојата чанта.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Ја земав твојата кинеска 22-ка и твојот микрокомпјутер и твојот банковен чип.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Да, имате право, телото станува знак и слика, неговиот изглед делува како метафора за висината на банковната сметка и на крајот на краиштата за моќта на субјектот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)