амнестира св. и несв.

амнестира (св. и несв.)

Растрепканиов поет уште веднаш ги амнестира сите што тој со години ги чуваше по затворите, а потоа ширум им ја отвори земјата на странциве.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Напати знае да казни и тоа веднаш; другпат објавувањето на својата одлука ќе ја одложи за подоцна, но никогаш не ги амнестира нашите грешки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Што станува со зборот зандана, дали ќе го ставиме во нашата листа на опасни османизми или ќе го амнестираме? запраша зачуден Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)