абер м.
аберација ж.

абер (м.)

Младите штрчиња ги учеле да летаат нависоко и Аџијата беше распратил абер по сите страни да се чинат азар сите штркови, за на свети Панделимон да тргнат за на вилает; му стори абер и на Силјана за и тој да се стори азар.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
А после дома ќе пратат абер: „Филан се наоѓа кај нас, пратете сто, или двесте наполеони — тука веќе колку ќе им коптиса душата — за да ви го ослободиме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Барем да чуеме некој абер. (Го зема филџанот).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Барем сега чу и ќе знае! Друго е кога ќе имаш абер од една работа, а друго е кога не ќе знаеш ништо.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ако можам ќе ѝ пратам абер по баба Анча, но не верувам.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
— Види, бре коџобаши, прати го абер на тој пезевенк нета се приберит дури не сум кажал на кајмакамот во Прилеп.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ќе видиме кој на кого! — и одговори Крчо и побегна долу Црневата улица, за да му стори абер на Шпира, вечер да слезе до кај нив долу. — Татко нешчо те вика, — му рече.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
—' Ич, јас ни абер, кога вака: еден ден Ристе ми ти носи нешчо во торбата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Штом останаа сами, дедо Ангеле се приближи кон комитите: - Абер ви носам, - рече.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во тоа време пристигна абер од Скопје дека го бараат пашата, а од Прилеп – го бараат кадијата, та требаше да се растури целата дружина и бунтовниците пак да ја избегнат катастрофата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во целата таа мака, блед, испрекинат зрак му се плеткаше во душата: што не избрза и не испрати абер во Ресен: „Барем татко ми да не црвенее пред овие...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Три дена нестрпливо стариот татко на Назлам-бег, на чардакот од кулата, чекаше од потерата да му го ослободи младиот син или да донесат некаков абер.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Стори ни абер ако е нешто опасно. Жити сѐ што ти е најмило.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Носат повеќе јадење отколку што требе, си наоѓаат разни мани само да не се в село; криат по јамите алишча, благота.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Инаку, ко в лош театар: окото солзи лачи, а срцето, сокриено, абер си нема за тоа...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
По недела две се најде отепан Турчинот, Катил Шериф, на патот за Прилеп; по друга недела две Тоше Налев им стори абер дека го видел Толета во Битола како се шета по атпазар, та се осмелил дури и на ан кај него да појде и да му ги побара седумнаесетте лири што му остана должен Јован Сиве во Старавина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Прочитав, мудур ефенди, ама не ме израдува многу — му одговори кратко јузбашијата и, седнувајќи на покажаниот стол, ја извади кутијата со тутун, та му понуди на стариот Арслана.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Утредента добил абер од Зенула: „Ти ми го отепа син ми - јас твојот. Крв за крв...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Маж ѝ нејзин отепа еден качак и доби абер дека сето семејство ќе му го сотрат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но и кога земените од војска не се вратија, стигна абер дека останале да лежат таму на бојните полиња за слава на империјата и неговото височество султанот, Руса пак продолжи да го чека Јована.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Повеќе