мн. ѕевгари
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 9976
Пар впрегнати волови, биволи, говеда (за орање).
Примери:
Орачот впрегна силен ѕевгар.
Двоколка со сив ѕевгар.
Купи вол за ѕевгарот.
Со два ѕевгара ќе ја изора нивата.
Луѓето ги ослободија од јаремот своите ѕевгари.