хартија
мн. хартии
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 763
1.
За пишување, печатење, завивање и сл.
Примери:
Хартијата на која беше напишан текстот ретко се наоѓа.
(разг.) Ги стави своите мисли на хартија.
Свиткај го в хартија.
Хартијата трпи сѐ.
санитарна, тоалетна, хигиенска хартија
обична хартија
стаклена хартија
хартија за ноти
хартија со воден знак
хартии од вредност (вредносни хартии)
амбалажна хартија
лакмусова хартија
многу фина хартија
пергаментна хартија
печатарска хартија
попивна хартија
проѕирна хартија
2.
ракопис, документ
Примери:
Во неговите хартии.
Ги прегледаа нивните хартии.