а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

систем

мн. системи
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 484
1. Установен, примен ред во нешто.
Англиски: order Албански: sistem
Примери:
Без ред и систем.
2. збир од методи
Англиски: method Албански: metodë
Примери:
Нема систем во работата.
Систем на воспитание.
Педагошки систем.
3. Принципи што служат како основа на некое учење.
Англиски: system Албански: sistem
Примери:
Филозофскиот систем на Хегел.
4. Устројство, структура што претставува единство на заемно сврзани делови; техничко устројство што претставува збир на заемно сврзани машини, механизми што служат за иста цел.
Англиски: system Албански: sistem
Примери:
Сончевиот Систем
Нервниот систем
енергетски системи
систем од канали и насипи
5. Принцип на организација, уредување нешто; форма на општествено уредување.
Англиски: system Албански: sistem
Примери:
изборен систем
економскиот систем