а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сиромаштија

(едн.) сиромаштијата
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2538
1. Скудност, немање доволно средства за живот.
Англиски: poverty Албански: varfëri
Употреба: Економија
Примери:
Голема, крајна сиромаштија.
(разг.) Сиромаштија до шија.
Збогум, сиромаштијо.
2. Најсиромашниот дел од населението.
Англиски: poor Албански: varfëri
Употреба: Економија
Примери:
Се намножи сиромаштијата.
градската сиромаштија
Изрази
(посл.) Сиромаштија и кашлица не можат да се скријат.
(посл.) Сиромаштијата од болест е полоша.