расположи
расположат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8963
2.
Предизвика кај некого симпатија, благонаклоност кон некого, привлече на своја страна.
Примери:
Правеше сѐ да ги расположи факторите, та да го изберат него.
3.
Предизвика кај некого добро настроение.
Примери:
Музиката ќе ве расположи.
4.
Заземе згодно место, се намести.
Примери:
Се расположивме на ливадата.
5.
(се расположи) Дојде во добро настроение.
Примери:
Се расположи стариот и фати да пее.