раскаже
раскажат; раскажам; раскажи, раскажете; раскажав, раскажаа; раскажал; раскажан, раскажани; (ќе) раскажев, (ќе) раскажеа; (ќе) раскажел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 944
1.
Усно изложи, соопшти нешто.
Англиски:
tell
Албански:
tregoj, rrëfej
Сега тој ќе ви го раскаже својот случај.
2.
Со својот изглед посведочи за нешто што се случило.
Примери:
Секое дрво, секој камен ќе ви раскаже за борбите на нашите јунаци.
Слично со:
посведочи (св.)
3.
Даде гласност на нешто.
Англиски:
tell
Албански:
tregoj, përhap
Раскажал по пријатели дека ќе оди на аџилак.
Слично со:
согласи (св.)