а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

проникне

проникнат; проникни, проникнете; проникнав, проникнаа; проникнал; проникнат; проникнев, проникнеа; проникнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5294
1. Влезе низ нешто или во нешто.
Англиски: go through Албански: kaloj
Примери:
Низ дупчињата од ролетната проникнуваа снопови светлина.
Силна реа проникна во собата.
2. Навлезе сосила надминувајќи ги пречките.
Англиски: penetrate Албански: depërtoj
Примери:
Единицата успеа да проникне во непријателскиот обрач.
3. За вест прошири.
Англиски: spread Албански: përhap
Примери:
Веста за случката проникна насекаде.
4. Сфати, влезе во суштината на нешто.
Англиски: comprehend Албански: kuptoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој многу брзо проникна во работите.
Проникна во неговата душа.
5. За мисла чувство - длабоко обземе.
Англиски: pervade Албански: përshkoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Кога ќе го проникнеше лутина, не можеше да се контролира.
6. (се проникне) Биде, стане длабоко обземен.
Англиски: pervade Албански: përshkoj
Примери:
Се проникна од мрачни чувства.
Изведенки
1. проникнува несв.
(се) проникнуваат
2. проникнување ср.
глаг. им.