приказна
мн. приказни
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 288
1.
Краток расказ за историски или измислени личности или настани што се пренесува од колено на колено.
Примери:
Првин го замоли деда си да им каже приказна.
Народна приказна.
3.
(само во мн.) Нешто измислено, невистинито или невозможно.
Примери:
Момче, ај не кажувај ми приказни!
После за нив се ширеа секакви приказни.
Тој знаеше дека зборувањата повеќе беа приказни, отколку некаков вистински глас.
Слично со:
измислица (ж.)
4.
прикажување
Примери:
Тој веќе ја беше смислил својата приказна.
Никој не ќе му поверува на една таква приказна.
Тогаш тој ја започна својата приказна.
Изрази
За приказна - како во приказна, многу убаво, прекрасно, неверојатно.
Приказна за себе - нешто посебно.
Празни приказни - бесмислен разговор.
Бапски (бабини) приказни - приказни полни со измислици.
Долга приказна - за тоа може долго да се зборува.