подисправи
Види и:
исправи (св.)
подисправат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 10630
1.
Исправи малку, донекаде, да стои, да биде право.
Англиски:
straighten out
Албански:
drejtoj pak
Ја подисправи главата и го погледна во лице.
Спротивно од:
подискриви (св.)
2.
Исправи донекаде нешто што било криво.
Англиски:
straighten
Албански:
drejtoj, ndreq
Мајсторот го подисправи тркалото толку колку што можеше.
3.
Поправи, коригира нешто, малку, колку што е можно.
Примери:
Едвај ја подисправивме работата, толку што беше замрсена.
Го подисправи малку текстот и го предаде кај професорот.
Слично со:
коригира (св. и несв.)
4.
(се подисправи) Се исправи малку, донекаде.
Англиски:
straighten out
Албански:
drejtoj
Јавачот се подисправи во седлото и така со крената глава дојава до портата.
Стариот се обиде да се подисправи.
Изведенки
подисправува несв.
(се) подисправуваат
(се) подисправуваат