наоѓа
наоѓаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 352
1.
Барајќи наоѓа.
Примери:
Што си бара, тоа си го наоѓа.
2.
смета, мисли
Примери:
Наоѓам дека е подобро да не го потпишеш договорот.
3.
(се наоѓа) се открива, се наидува
Примери:
Овде понекогаш се наоѓаат стари артефакти.
4.
(се наоѓа) Престојува, е некаде.
Примери:
Овде се наоѓам на одмор.
Сега се наоѓаат во странство.
5.
(се наоѓа) Има, зазема определен простор.
Примери:
Селото се наоѓа во подножјето на планината.
Слично со:
лоцира (св. и несв.)
Изрази
Кај се наоѓаш! - негодување за нечие лошо однесување.
Изведенки
наоѓање ср.
глаг. им.
глаг. им.