заплаши
Види и:
плаши (несв.)
заплашат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 11737
1.
Предизвика, внесе страв кај некого, се закани некому.
Примери:
Доаѓањето на војската ги заплаши селаните.
Го фати детето и го заплаши со прстот.
Слично со:
застраши (св.)
2.
Претставува опасност, можност за појава на нешто лошо.
Примери:
Сушата ги заплаши земјоделците.
Слично со:
исплаши (св.)
3.
(се заплаши) Го фати страв од нешто; се исплаши, се престраши.
Примери:
Тој не се заплаши од нивните закани.
Луѓето се заплашија од болеста што владееше во селото.
Слично со:
исплаши (св.)
Изведенки
заплашува несв.
(се) заплашуваат
(се) заплашуваат