а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

доверлив

доверливиот
Вид збор: Придавка
Ранг: 7061
1. Што се засновува на доверба.
Англиски: reliable Албански: i besuar
Примери:
доверлив другар
доверлива соработка
2. Што предизвикува, влева доверба.
Англиски: trustworthy Албански: i besueshëm
Примери:
Нејзините сини очи, милосливи и доверливи, повикуваа и прекоруваа.
Пред да се испратат податоците од кредитната картичка, треба да се провери дали веб страницата има сигурен и доверлив состав за плаќање.
3. Што знае да чува тајна; што извршува тајни задачи.
Англиски: confidential Албански: i besueshëm
Примери:
Јас сум овдека доверлива личност на највисоките воени кругови.
доверлив разговор
4. Што не е за во јавност, за што не смее да се зборува јавно.
Англиски: secret, classified Албански: sekret
Примери:
Сите добија доверливи шифрирани пораки.
Тој врши многу доверлива државна задача.
Изведенки
доверливост ж.