брчка
брчкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 20987
1.
Прави брчки на лицето, ја набира кожата во вид на брчки.
Примери:
Годините сѐ повеќе му го брчкаа лицето на старецот.
2.
Топи, потопува, шумно капе во вода.
Англиски:
dunk
Албански:
fundos, përmbyt
Попот го фати бебето за главчето и почна да го брчка во водата.
3.
(се брчка) Си прави брчки.
Примери:
Челото му се брчкаше, а погледот блудеше неодредено.
4.
(се брчка) Шумно се потопува, се капе во вода.
Англиски:
dunk
Албански:
zhytet, fundoset
Гуските по цел ден се брчкаа во потокот.
Изведенки
брчкање ср.
глаг. им.
глаг. им.