ќе (чест.) - увиди (гл.)

Се исплашуваше кога ќе увидеше дека нејзиниот глас понекогаш звучеше крекаво, или пак имаше призвук на нетрпение.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не вртеше повеќе Богуле околу куќата, но сепак гледаше да ја сретне некаде по пат или да ја најде сама на нива надевајќи се дека таа ќе се измени, ќе размисли, ќе увиди дека лошо постапила, ќе се покае и ќе продолжи пак љубовта меѓу нив да си тече како што си течела, среќно.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Чинам дека кога сината точка што веќе ширејќи се наидува кон мене, кога ќе увиди каков уништувачки страв доживувам, ќе ми се смилува, ќе застане недообличена во она што ми го носи и , или ќе го смени правецот, или во себе ќе пројави некаква белина од чија пријатност ќе се затоплам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)