ќе (чест.) - талка (гл.)

Со куќата-во-себе и низ нејзините врати ќе излегуваш на сокаците на Ур и Урук, на Лагаш, Киш и Нипур, на ридовите на Вавилон и Нинива, ќе талкаш низ нив како низ длабините на клинестото писмо и ќе се враќаш повторно назад со песните за Гилгамеш во себе, и не ќе знаеш зошто токму тој со тебе и болката на Енкиду низ тебе, зошто токму твоето тело и твојата душа се одредени за да се исповедаат низ просторот кај што диши твојата сенка, на јазик кој ќе го разбираат сите, небаре самите шетале по долините и горите на писмото изрежано во калта.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Среде ден пладина, потем, ќе талкаат, талкаат и само ќе талкаат.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Ќе танцуваат по рамните автопати. ќе талкаат по рамните и напукнати калдрами. ќе пелтечат по стрмните долови и грчевито ќе туркаат по планинските врвови.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)