ќе (чест.) - потрча (гл.)

Мама ќе потрча кон вратата, додека тато го стега наслонот на фотелјата со побелените прсти.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кога ќе излезел од ќорсокакот, на попречната улица, за да оди в град или некаде, кај било, тука на аголот застанувал, ќе разгледал на двете страни на улицата и прво три пати ќе се прекрстел, со очите превртени кон небото и дури потоа тргнувал по улицата, изрипувајќи уште со првиот чекор како да ќе потрча од што секогаш брзал.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Потоа, прегрнати, сепак нагло излегуваат. Уметникот прави потсвесно гест како да ќе потрча да ги врати.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Заминуваше по патеката, брзо како да ќе потрча, и наскоро неговата полуќелава глава, несмасно наседна на брзоногото тело, се изгуби меѓу дрвјата.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Ни стапот ќе зазелени ни таа ќе потрча.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Посебно убав овој пејзаж беше во рана пролет, кога низ штотуку потераните никајци ќе потрчаа и ќе заблееја јагнињата, и доцна напролет, пред што ќе узрееја житата, `ржта и пченицата, и, потем, во зрело лето, кога во веќе узреаните жита, со своите живописни носии и гласовити песни, ќе се појавеа жетварките.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)