ќе (чест.) - замиже (гл.)

- Оф, ангелот и не е толку бел! – се сетив на извикот на Катерина кога ќе посакаше да ми го изрази незадоволството или сомнението во однос на некои мои објаснувања па и постапки!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
(И до денес, секогаш кога ќе замижам тие звуци од другата соба паѓаат во мене со одек изострен и јасен). Бев замижан и не дишев.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Најпрвин тихо а потоа сè посилно и посилно.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А долу, откај касарните се јавуваат трубите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога ќе замижев сонував како одам на чешма да пијам вода а таа секнала, потоа како поминуваат жени со стомни вода и ми се пие до немајкаде, а ти не ми даваат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Знаеш, само ќе замижам и ги гледам тие пусти Козаци на нивните црни коњи. Слегуваат од Бело Брдо.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)