ајде (чест.) - бре (изв.)

АНДРЕЈА: Ајде бре Димитрија, бре, расположи се малку.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ЦОНКА: (Се крсти.) Бог да го прости, кумот!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Ајде бре, не играј играчки со мојата анатомија. Не е тоа твојата политичка економија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Докторот Петриќ го изгледа презриво дајреџијата, кога овој извади да плати и силно го удри по раката со зборовите: - Ајде бре, копук...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
ПОЦКО: Ајде бре, прљаци, целивајте рака на кумот, зашто тој ќе ве венча!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)