па (сврз.) - според (предл.)

Од моментот кога машината за првпат се појави, исчезна потребата од човечкото ринтање, па според тоа во голема мера и потребата од нееднаквост меѓу луѓето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Па според адетот - завчера на изгрејсонце ги вапцав, само црвени - според адетот.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Рече Максим не е никаков свештеник, па според тоа нема ни право да врши свештеничка работа; закопните обреди, како што ги вршев и досега, рече, пет-шест години наназад, јас ќе ги извршам.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Така посматрана, „културата“ не е нешто што нужно се врзува за хуманистичките дисциплини, па според тоа менаџерот во банка и цариникот во подеднаква мера се културни луѓе (...) Во краен случај, културата претставува поседување на знаења во секоја смисла (...) Во демократските аспекти, ова дава аргумент за дифузија на културата меѓу пониските општествени слоеви.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
За него, текстурата веројатно укажувала на состојбата на топлина која е латентна во материјалот и која чека да биде ослободена со вајарскиот процес, па според тоа на животот му се нуди на располагање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ова чувство на премин - да се биде помеѓу состојби и оттука во самиот процес - посебно е очигледно за Бојсовото исклучително чувство за површина или текстура, различните „допири“ што ги поседува материјалот -мек или тврд, флуидно мазен или рапаво груб.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој збор не можеше да се употреби во неговото старо значење како „ политички слободен“, или „ интелектуално слободен“, зашто политичката и интелектуалната слобода не постоеја повеќе дури ни како концепти, па според тоа беа и безимени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бојс сакал да ги обвитка со постојана топлина, да ги лулка како бебиња, како што и самиот се обидувал со топлина да се заштити од внатрешната и надворе­шната болка.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)