откако (сврз.) - бил (гл.)

Откако биле заземени градовите, Бурите ја продолжиле борбата со партизанско војување. Дури на 1.7.1902 год. Англија ги присилила Бурите да потпишат мир и како автономни републики да влезат во Британската Империја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Откако бил примен лично од Махмуд II и лично од него одликуван со орден, добил и три царски фермани: едниот да смее да носи оружје во секое време и пред секого, вториот да седи во Покраинскиот меџлис и да го заштитува народот од сета Мијачија и од сета Деборија, и третиот, кој бил издаден лично на негово барање, да смее да подигне џамија во Лубаново и црква во Лазарополе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А кога тие, неговите клетви и молитви секнаа, (точно на годината откако бил извршен злосторот и точно во истиот месец, во време вршење) ден, два, потоа, во ливадите во Три Дабје се јави еден глас; беше среде ноќ, беше јасна месечина, туку грмна, како од земја да изникна, дотогаш на никого непознат во Потковицата: Море огреала, огреала јасна месечина, море што е време, што е време коњи за крадење, моми за љубење.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Меѓутоа, поверојатно е дека тие, откако биле готови и решиле да почнат со атентатите, ниту имале можност ниту се сретнале со него.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Значи, според Сарафов, динамитот бил запленет во царинарница, според гемиџиите, тој бил запленет, но откако бил подигнат од царинарницата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Отпрвин него едноставно го викаа Григориј и беше закрепостен човек кај некојси господар; Петрович почнале да го викаат откако бил ослободен и кога почнал прилично да си потпивнува на секакви празници, отпрвин на големите, а потоа и без да гледа на тоа, на секој црковен, секаде каде што стоело крвче во календарот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Облици пареа кои се извишуваат од едното езеро и кои, откако биле облак, дожд, снег, можеби завршуваат во водите на другото езеро.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во прашање е првиот и најзначаен проблем пред кој се исправил човекот откако бил изгонет од Рајот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)