кај (сврз.) - сака (гл.)

Сега фрли ја на полица, на таван, вели, кај сакаш сега фрли ја, нека ти ја јадат глувци, вели, нека ти ја дупат молци, нека ти фаќа пајажина!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Цело време на голи штици, како во кочина. Мочај кај сакаш...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме прашуваат кај сакам да одам, а не ми даваат да кажам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа може в заби да ме земе и кај сака да ме однесе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)