и (сврз.) - наковална (имн.)

Најдобри пријатели му беа чеканот и наковалната.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Не, жено, ќе си останев јас на коравата смолница. И сѐ уште ќе бев таму да не ги собраа козите и да не ја заковаа земјата во колективите. Бевме меѓу чеканот и наковалната.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Помеѓу чеканот и наковалната Денес работниците во Република Македонија се соочуваат со континуирана деградација на работните места, ниски и нередовни плати, понижувања и малтретирања, работат онолку колку што ќе им рече газдата, а оние кои ќе се одважат да се спротистават често се на „мета“ на работодавачите.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Јашмакот се колнеше во чеканот и калапите што го хранат; Милан куманџијата — во дувалото што го дува огнот за да се стопи среброто со кое ги посребрува павтите и скопците; Рампо чешларот — во биволските рогови од кои ги прави чешлите; Желче — во сите свои деца, макар да ја немаше уште видено мајка им; Даме кожуварот — во сите јагниња и брави, од чии кожи ги правеше кожувите, а Мамуд ковачот — во чеканот и наковалната, на кои ги шерпаше клинците и плочите за свадбарските коњи и магариња.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Токму затоа, со право можеме да заклучиме дека правата на работниците се наоѓаат помеѓу чеканот и наковалната, постојано на удар од ниските плати кои не секогаш ги добиваат, прекувремената (неплатена) работа, небезбедните работни места, прекарната работа, замолчените синдикати и слепите институции, а законите кои треба да се подлогата на која тие стојат и која треба да го спречи ваквиот удар, воопшто не го прави тоа, туку напротив со многубројните измени на легислативата само го олеснува понатамошното обезвреднување на трудот на работникот, кој се претвори во обично средство во работниот процес.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)