и (сврз.) - биде (гл.)

Тој го извади ќесето, и бидејќи Бисера беше ја разврзала бовчата и ја извадила кошулата, попот фрли и на неа една франга и честита родителски.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Направете го тоа според сопствената совест и бидете сигурни - сеедно ќе згрешите! La Voce, на италијанските гласачи
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И биди среќен ако има место на троседот што се пушта зашто секогаш има и полошо: на пример, отоман во кујна покрај шпоретот на кој цела ноќ се крчка на тивко сарма од кисел купус во тенџере за ајвар, дека сте едно семејство, ама имате деца како од две, нели!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Размисли трезвено и биди умна и за себе и за сите нас.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
РЕВШИН: Вие седете си во гостинската соба и бидете спокојна.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Имај предвид за оваа работа и биди готова секој момент.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
„Тивко! Приберете се и бидете подготвени да го пречекаме!“ - заповеда високата георгина и ја гушна својата втора сестричка којашто исплашена се втурна кон неа.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Збогум Карамба-Барамба, и биди весел. - Збогум и пиши ми, - ми ја подаде својата рака Карамба-Барамба.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Чув, се отвори вратата зад мене и се завртев.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)