зашто (сврз.) - токму (прил.)

Ми падна во вниманието ова и ги запаметив зборовите, зашто токму кога влегов, сите замолчеа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мара беше таква жена што не сакаше да ѝ се метка посредкуќи сѐ и сешто, а сега беше останата сама во селото подналутена зашто токму тој од едно цело село мажи да оди толку дена сам во снегот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дедо не ми одговори, зашто токму тогаш ја отвораше вратата од малото дуќанче и влегуваше внатре.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Како што се оддалечуваше од куќата, гневот и омрзата сѐ повеќе му растеа во него, зашто токму кога имаше намера да се зближи што повеќе со неа, дури да ја земе за жена, го откри нејзиното неверство; виде дека неговото отсуство во текот на неделата таа го делела со друг.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)