зашто (сврз.) - така (прил.)

Тие мириси беа измешани со мирисот на сувиот босилек што сите жени го носеа во џувки и по прчалките, а и ние машките секој имавме по некој страк босилек во џебовите, зашто така чинело, босилекот чува од зарази и секакви болести.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Никогаш нема да заборавам како ми се запали телото, ќе побудалев, трчав гола околу куќата да земам ветер, зашто така ми беше подобро.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И писнаа гласно да тажат. Присутните не им пречеа зашто така е адет.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Го чистиш снегот и пред нејзината куќа зашто така си васпитан од мали ноги.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Веруваше, на пример, зашто така ги учеле во училиштето, дека авионите се изум на Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Србите можат да затрубат дека Македонците се Срби, штом не се Бугари, зашто така се викале до турското доаѓање на Балканскиот Полуостров.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)