зашто (сврз.) - поинаку (прил.)

Очекував човечки да се собере, да падне на коленици, да закука за својот живот, точно тоа, зашто поинаку и не можеше да биде. Но тоа не се случи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во секој случај сите се согласуваат дека има повеќе од стотина илјади коли, зашто поинаку не ќе може да се објасни она силно движење по неговите улици и уште повеќе што сиот град е претворен во еден огромен паркинг-плац.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Јас во мигот молчам, но сигурно нема да останам без коментар, без да го искажам моето мислење зашто поинаку кажувањето на К.К. би било разбрано како одобрување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)