зашто (сврз.) - однапред (прил.)

А кај се чуваат тие засебни народни сили, прашува Боше упрекнато зашто однапред знае дека Максим ќе му одговори нешто што нема да го задоволи или што тој нема да го разбере докрај.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не се дотеруваше како другите негови домски другари - да спие со врзана коса, да црта ќумурни мустаќи, да пушта долги нокти на малиот прст - зашто однапред знаеше дека со ништо нема да го подобри својот физички изглед, за евентуално да го сврти вниманието на некоја од оние девојки што живееја како нив во државната установа на милосрдието и дарежливоста, само преку ѕид.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)