зашто (сврз.) - мој (прид.)

Како и да е го пратив да си престојува во хотел, зашто моите надежи за таа врска беа мртви и закопани.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
АРСО: Ќе спечалам, ќе ја соберам вересијата и ќе ти ги вратам парите, а лозјето остави ми го, ти се молам, чорбаџи Теодосе, ми е спомен од татко и од дедо.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: За мене е арно, какво да е, зашто мое ми е, не ми се дава...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А им дојде така зашто моето име се споменуваше заедно со неговото презиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не гледав зошто бидувањето геј треба да биде поинакво – зошто одеднаш треба да прифатам туѓи вкусови само зашто моите сексуални практики ме означиле како припадник на нивната група.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И имајќи го предвид заклучоков, произлегуваше дека моето ѕиркање низ клучалката сепак било непромислено.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Едноставно затоа зашто моето клечење се покажа некорисно.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јас не заплакав, иако ме здоболе, зашто моето девојче навистина многу убаво пишуваше: - раката не ѝ трепереше.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)