зашто (сврз.) - таков (зам.)

Македонците бараат национално обединување помеѓу нив, но притоа сакаат тоа обединување да стане не врз нова почва, не да се зафати одново, зашто таквото обединување ќе бара многу време, а обединувањето беше важно како средство за постигнување политичка слобода.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мислев дека нема сили да ја држи гитарата в раце, зашто такво чувство се добиваше од нејзиниот снемоштен глас.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Често ќе чуел од неа некој сожалив збор упатен кон него тешејќи го или влевајќи му надеж и храбрејќи го во мигови на разочараност и депримираност да издржи, зашто такви судбини има многу на земјава, дури и полоши, потрагични од неговата - а сега никако.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Клепна клепалото, - ќе речеше дедо ми кога ќе го сетеше мирисот на кафето и тогаш брзо-брзо баба ми прва се измолкнуваше од постелата, зашто таков бил редот, а по неа и дедо ми.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Го вртев во рацете и се чудев, зашто такво писмо, без печат, со букви што светеа со чуден сјај и од кое се тегнеше конец пареа и исчезнуваше во воздухот, од кое павкаше миризба, тоа писмо како да беше дојдено од некој друг свет, од некој друг живот. Зад живот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се чудеше чаршијата на чудото Божје, се чудеше на Божјата благодат, зашто такво нешто нема да проговори, глува да прослуша, не беа ни чуле ни виделе.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тоа не беше нешто невообичаено, зашто такви интервали имаше и порано, кога никој не го гледаше големиот рептил.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
По повод доделувањето на титулата, во својата воведна реч академик Гане Тодоровски истакнува: Треба да се гордееме со овие и вакви писатели, коишто се колку наши толку и на други или колку на други толку и наши зашто такви пред Стојан Христов беа и Григор Прличев (грчки и македонски автор) и Коста Рацин (српски и македонски автор) и Никола Вапцаров (бугарски и македонски автор), како и уште многумина други во минатото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој Митко беше човек како оној сиромавиот од прикаската кому некој му фрлил во дворот мисирка наполнета со злато, а тој му ја однел на богатиот зашто таква гозба не била за сиромав како него.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Наеднаш се најде во безистенот, среде чаршијата и сосем заборави на сѐ, зашто такво нешто дотогаш не беше видел.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Силно се труди да ги убеди другите да нѐ гледаат како дефинирани од политичка категорија – односно од геј-идентитет – зашто таквата категорија е морално неутрална.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А ако не се памети, значи не сме биле... запиши дека сме биле такви какви што сме биле.... само не пишувај дека сме биле малодушни, зашто такви не сме биле; запиши дека сме биле премногу верни и премногу измамени, но истрајни и цврсти... така запиши...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не за да го ослободам од сомнението, туку затоа зашто таквото однесување на една мајка ми се чини сосема разумно.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Додека Бошко премираше од страв дотогаш Дико беше презадоволен од работата, зашто таков беше неговиот план: колку Бошко ќе биде поисплашен, толку тие со Лумана ќе можат да бараат повеќе од него.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тоа го тврдам, не само поради тоа што си личат еден на друг, зашто такви примери на луѓе што си личат еден на друг, има многу во светот (а и јас сум среќавал луѓе што личеле на мене и сум се штрекнувал при таа средба) - но овде е следниот аргумент: како млади се сакавме со мајка му на Методија Лечоски, дрварот, и имавме блиски односи.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)