зашто (сврз.) - ова (зам.)

Зашто ова попладне има прсти од блискост од свое в месо да ти се вовлече капнато да се протега под кожа во коски во сѐ што си и што не си. И не стој се искачи рекава го мина брегов ќе плисне врз тебе ти трчај да не те стигне сево попладне зад себе што го оставаш дур не го изгасне. Трчај гори попладнево.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Сега веќе ништо не знам да кажам повеќе за оваа метафора зашто ова е сонување, но кога ќе се разбудам, ќе морам на овој сон да се сетам и, ако се сетам, ќе успеам метафората да ја опишам од што ќе произлезат и објаснението и значењето.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Редот во седнувањето на софра исто така секој си го знаеше, зашто ова не беше параспурска куќа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)