зашто (сврз.) - никој (зам.)

Заминаа и членовите на комисијата зашто никој од нив не можеше да разбере за што се работи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И зашто никој од нив не знаеше да посочи кај можел свети Јован Крстител да го одведе Бошета - Сигурно не на небо, зашто, што бара таму жив човек? - сите тие, кревајќи ја раката, велеа Натаму, од кај што нѐ угрева сонце.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нивната постапка на никого во Потковицата не му се допадна, но и зашто никој не ги познаваше Акиноските ниту нивните обичаи, сите со притаена сомничавост исчекуваа да видат што наумиле тие со тоа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И така тие крвави Водици во Потковицата, во простата 1857 година, според како што си мислеа другите жители на Потковицата, и хирстијаните и Турците, зашто никој од нив не веруваше, штом не им се најдоа трагите, дека некогаш ќе се вратат Боше и ајдутинот, за Тахир бег Јаузоски завршија со ќарен царски коњ, а за нив, за Јанчевци, со две човечки загуби.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тие што тргнаа преку Веселички Рид уште еднаш, штом се завкачиле по падините на ридот, виделе дека попусто ќе одат и понатаму: во снегот немало никакви траги, ни човечки ниту, пак, од некој ѕвер, но зашто била издадена таква заповед, се префрлиле преку рид и низ Веселчани и по Џаде дури до Алинци стигнале, а другите, кога дошле до Галичка Река, решиле да не одат понатаму: од Алилово натаму снегот по патот бил сиот разгазен и колку повеќе се приближувале до градот тој толку поразгазен станувал, па зашто никој не можел да одреди кои стапалки чии се, дали од другоселски пазарџии или од ајдутинот и од Бошета, и тие се вратиле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Немаше во станот никаква вазна, зашто никој не можеше да очекува толкав букет на дар.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Понекогаш имам извесни огради спрема овие луѓе, но верувам дека заслужуваат да се заземам за нив, зашто никој, ниту во последниов век, ниту во вековите наназад, не се зазел.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А снимателот ќе монтира ора од туѓи свадби зашто никој не игра, нема материјал. Никој не игра, сите пушат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Можеби му беа залепени за стапалата, зашто никој не се раѓа со обувки, најмалку такви.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Крстовите се намножуваа, но никој од другите куќи не знаеше кој е умрен, зашто никој кај никого не можеше да појде.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Таа се шегуваше зашто никој во црковната лига не се лизгаше - дечките беа премногу стари, сталожени - и покрај тоа, Дејв носеше кратки пантолони.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
И се чудев зашто никој не го побара лековитото грутче во говедската жолчка, таа тајна кон која пред тоа се стремеше очајот на еден болник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Доколку напладне се одмориме и доколку се најдеме близу до царскиот друм, ќе чекаме да се стемни. Тешко некој ноќе да нѐ нападне.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не јадев. Мртвите не простуваат, мислев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никој не се свртел да му ѕирне в очи на другиот Онисифор, на оној со обетка на увото, зашто никој и не очекувал тој да се спротивстави.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со никој од селаните не се поздрави зашто никој не го бранеше во судот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Зар не слушна за една жена која му даде писмо на еден Албанец за да го прати?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Мене никој не ми носи книга.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не влегоа во селото зашто нашите се бранеа...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Откако дедо ми ми го објасни сето тоа, јас моето име, кое сè дотогаш го мразев (зашто никој не може да го запамти од прв пат и никој не се вика така), почнав дури и да го сакам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Никој не ја видел да заминува ни со кола ни со автобус, зашто никој не ја ни побарал, а никој не би ни помислил дека таа заминала со патнички воз и со повратен билет, зашто и никој од нејзините познати не патуваше така.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И реков faleminderit,28 но, не сум сигурен дали добро го изговорив зборот, зашто никој од насобраните ништо не рече, само сомнително мрдаат со глави, молчаливо стојат, со гумените опинци ја копаат и ја бришат земјата од под нозе и ми се чини дека одвај чекаат кога ќе нѐ снема од пред нивните очи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не ќе беше добро да се суди или да се убива Чанга, зашто никој како него дотогаш во целата земја немаше собрано, придобиено, засакано, зближено толку многу луѓе од различни вери и националности, па да стане нивни Бог, во тоа пресудно време.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тогива таја сирота жена от многу жалби и туги, зашто никој не ја прибирал, сакала да се убие и себе и детето.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Него, сигурно, никој не го забележуваше така затскриен зад железата од рекламата, зашто никој не го подигаше погледот во ова запурничаво попладне кога сѐ уште блештеше отсјајот од силното сонце.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И така, човекот можеше да си гледа колку сака и да стои над понорот од улицата невиден од никого.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од тука, се сеќаваше, од оваа куќа па до спротивната, со грд бетонски орел како украс на кубето од покривот, до таа спротивна куќа што сега ја нема, Margina #32-33 [1996] | okno.mk 119 некогаш еден господин професор професор Артур шнајдер одеше по жица и ги претставуваше своите продукции, високиот ковчест и раскрачен Германец со проретчена коса и со долги жилести нозе; одеше по жица балансирајќи со долга притка налик на големо весло и сите го гледаа со кренати глави.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)