зашто (сврз.) - некој (зам.)

Навистина, тешко е да се согледа зошто би требало да се мисли дека постоењето на способноста за разбирање на некој израз на начинот опишан во рамките на интенционалистичкото објаснување би требало да го повлекува, или дури само да го допушта, гледиштето дека едно правило не мора да биде обичај.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Море, бери ум зашто некој Лазо ќе ти го собери...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Добро, ама тоа требаше да се стори со усул, зашто некои луѓе на бегот имаа, колку што знаев јас, тајни интереси со бандите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ниту пак- ова е дигресија - е очигледно зашто некое само еднаш следено правило, поради тоа што е следено само еднаш, треба да биде сфатено на платонистички начин.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
25 но ти не се враќаш само јас се играм и во занес, и во очај зашто ништо нема моќ нема такво време ни таков живот обнова нема близина блага ни блаженство зашто далеку одовде ги нема милите предмети нема реки ни планини нема езера ни миризби и кајшто ги има зашто сѐ е црвен кантарион отсега па натаму лековита но горчлива пресеклива трева, жива лава и сѐ е грешка и нема помирување и другото е друго, трето и сѐ се брои а ти си единствена, неделлива грутка, Младост и мака и мак, и зрнце царевка царска приказна полна пресврти и препознавања делби и разделби неразрешливи заплети - и душата ти е водена низ мрак од незнаење кон знаење, трагично, Аристотеле – зашто некој ја негува уметноста на фугата бегството, селидбата!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Зашто некои работи остануваат запаметени и за по смртта, рече Дуко Вендија, и зашто староста го расчинува човекот и затоа никој не ја сака, рече и зеде варена пченица од жените коишто раздаваа за душа. За испустената душа од Велика Мегленоска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)