зашто (сврз.) - му (зам.)

По сè што се случи со Атанаса Дамчески, и по распитот, потоа, на властите за сè што тој зборуваше на Молитвена Вода, традицијата да одат луѓето таму и гласно да молат, да лелекаат и да си кажуваат што си мислат, што ги боли, се прекина.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Понатаму, во писмото, Атанас ги молеше мајка си, браќата и деца си Блажета да му простат што не им се кажал пред заминувањето, но тоа го сторил зашто се плашел дека ќе го попречат да замине, а тој оттаму, од Австралија, ќе можел уште повеќе да ги помага, зашто му било добро и зашто добро заработувал.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога Којо Пипиле ќе го извади кучето од куќичката што му ја направи со сите удопства и ќе го пушти во дворот да се истрчува, Богдан ако седи во градината, ја напушта и се затвора дома да не го гледа кучето и да не му го слуша лаењето и квичењето, зашто му оди на нерви: го потсетува на Пансионот, на Хера, на Марија и нејзината пудлица.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Пееше така сам, тажно и неизвесно, но бргу завршуваше зашто му недостигаше вториот глас, кој сле­деше во полифоното пеење.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се разболе и лекарите му забранија да пие, а жена му и син му ги советуваа да не му даваат можност да доаѓа во допир со пијалок, зашто му се заканува опасност да умре.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Михајло чекаше со мустачињата накострешени и со очи кои не можеше сосема да ги насрчи напред, зашто му гледаа едноводруго под ниското чело.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Остави да го водат нозете, зашто му се чинеше дека, на некој чудесен начин, повеќе почнал да му верува на телото отколу на мислите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Љубам да го дочекам сонцето кое доцни по светлината зашто му треба време да ги искачи зградите околу мене, смешно надградени како вила „Слога“, во различни бои, тесни а долги.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се плашеше сам да се упати кон тој неосвоен врв, не се решаваше да му рече на Бојан да одат заедно, зашто му се чинеше дека нему сега не му е до тоа, а го мачеше и стравот дека можеби и не ќе појдат таму, зашто може да излезе нешто непредвидено, па ненадејно да ја напуштат планината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бојан не се изненади многу од тоа, зашто му беше познато дека повеќемина колибари чуваат скриени пушки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Само ја преврте кршулата наопаку, зашто му се чинеше дека од надворешната страна е почиста, па ја навлече.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И тоа што не одбил, сигурно многу го мачело, зашто му го нагризувало моралното чувство.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тој пропис му се допаѓаше зашто му даваше и нему можност да се правда и му ја смируваше совеста пред недоверливите погледи и замолкот на пријателите што таа политика не ја одобруваа, но во напливот на суровите времиња не се ни осмелуваа да ја коментираат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Секретарот на младинската организација Добри Сираков го одвеле само затоа зашто му се допаѓале руските имиња Гриша и Катјуша.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И токму кога сакав да го прашам Абрам каде и кога ќе разговараме насамо, забележав дека Мечка, божем случајно, му ја подметна ногата на Влатко-Цвик, кого што ние понекогаш го викаме и Окомен, а нему тоа му се допаѓа, зашто му личи на Супермен.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сиот дијалог со бруцошката што зборуваме најмногу со своите очи, а која сега завршуваше фармација, го тинкаше нивниот син а уште носеше и второ дете во својата утроба, веќе одамна беше завршен, и тоа на најсреќен можен начин; и сега Миха бараше нови соговорници, по истиот навик и по истата потреба како што секоја изутрина кога одеше на работа од дома си земаше бурек за појадок, една четвртинка во една а друга четвртинка во друга бурекџилница, зашто му беше срам одеднаш да побара половина пита - толку млад, симпатичен и непорочен, иако веќе не само лекар туку и доктор.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не зашто му е едната нога покуса и не зашто е стар.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)