зашто (сврз.) - треба (гл.)

Сега тие не го прават тоа, зашто треба да се викаат Бугари, а името Бугарин кај Грците се става многу долу.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Качувањето на платото, нанеговата врвна точка, претставува вистинскимал подвиг, зашто треба да се искачат околу 400 скали, кои се извиткани како оние по џамиите...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Нема смисла понатаму да цитирам, зашто треба да го препишувам целиот расказ.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Затоа тие беа на мислење да не преземаме никакви мерки за да избегаме, зашто треба заедно со атентатот и ние да загинеме. Така и направија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мораше да стане, зашто требаше да се погрижи за добитокот, а случката со волкот беше само причина, беше сила што му помага да ја совлада својата физичка слабост и немоќта на неговата волја.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Си велам, можеби зашто се жалобни дни и зашто треба да ме остави да мислам на Борко.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
1. По технологија, тоа е главно вака: откако ќе се постави претставата, делото по правило го снемува, Режисерот го има во главата, нему не му треба (поправо, тој го има во главата уште пред претставата; а по претставата, воопшто не му треба, заправо му пречи, зашто треба да му влезе во главата друго дело според кое ќе ја прави следната претстава).
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Потоа на Влатко му ја објаснив мојата концепција: ќе биде метро и пол долго и пол метро широко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Има и кутија со жолта боја. Ќе му удриме четка - оддалеку да се жолтее како поштенско авто.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Влатко велеше дека основата треба да ја направиме цврста, зашто треба да ја издржи нашата тежина. Нели ќе седиме и ќе се возиме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Војче и Весна свикаа состанок со сите одговорни од одделенијата, го поканија и Томе, зашто треба да дејствуваат заеднички - ефикасно - и љубителите на цвеќето и еколозите.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Брзам да ја прочитам, зашто треба да ѝ ја вратам...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
2. Сликовно писмо (глоса) Чертами и рјазами чтах и гадах еште се ште погани од излез до залез - колку што треба за да се одигра трагедија – кружев како Земја-Змија-Змеј околу-наоколу замокот од симболи зашто „треба светата да се искаже смисла на вишите дела“,12 а не приказни да се прикажуваат зашто треба писмото да се протолкува на таротот и кабалата, на ји-ѓингот и магијата на астрологијата и алхемијата па да се стапне Духом на Дискот рамен и совршен на Етерот, Орфичкото јајце Жолчката жешка, системот: Едно е Сѐ – Сѐ е Едно.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)