зашто (сврз.) - може (гл.)

Го нарекоа Али Ахмед, ги зеде за жени Мунивер, единствената ќерка на Мусли бег, и жената на Арслан бег, некоја потурчена Гркинка, и заедно со нив, за да биде што подалеку од Дамческите, зашто можеа да го убијат за одмазда, се пресели во битолското село Чаирлија, таму да господари со чифлигот што му беше ветен на Арслан бега.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ако човек за нејзин почеток го одреди почетокот на западниот лак, зашто може и поинаку да постапи: за почеток на Потковицата да го одреди почетокот на источниот лак, па одејќи околку наоколу и само по сртовите да стигне до Долга Чашма.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мразеше да ги употребува рацете и мразеше да се наведнува, зашто можеше да го предизвика да кашла.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Подобро не, зашто може да испадне голема.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Многу љубам кога за празници автобусот е празен зашто можам да го минам патот без да го сетам, како во спална соба во воз, па си бирам четири седишта и се испружувам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не зашто бил начнат од сакагија туку зашто можел да биде симбол на сите надежи во тие дни.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога лежеше сам, напнат од несоница и загледан во вжарениот врв од цигарата, не ѝ веруваше, патеше, можеби не зашто не можеше без неа и не зашто можеше да ја засака повеќе од првата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Па јасно, зашто можат кога сакаат да ги уништат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во неговите песни се раскажувало за јунаштвото на Турците од минатото, од времето на Муратовата моќ, за нивната страсна љубов и за убавината и верноста на нивните жени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пеел со склопени очи и поднаведнат како во зазор што им го одзема времето на богатите, на умните и на покорисните од песнопојците зашто можеле да разговараат за свои работи, за политиката на европските земји кон Турција, за ловот и за коњите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
3. Иако стана од вечерата само наполу задоволен, зашто можеше и му се сакаше да испие барем уште толку, Фоте во собата бргу се примири.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Вака не ми е лезет чикнфрајд пиле зашто можам да згрешам некоја коска да фрлам во јардот и смокот да ми се задави и на самото место дед мртов да остане...“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Некој од нив, воден од сочувство, одлучи да му помогне на Акакиј Акакиевич барем со добар совет, велејќи му дека тој не би пошол кај реонскиот началник, зашто може да се случи реонскиот, сакајќи да заслужи пофалба од претпоставените, и да го пронајде на некој начин шинелот, тогаш шинелот сепак ќе остане во полицијата, ако тој не им достави законски докази дека шинелот му припаѓа нему; туку дека е најдобро тој да му се обрати на едно значајно лице, дека значајното лице, откако ќе испрати писмо и ќе се поврзе со оној со којшто треба, може да направи работата да тргне поуспешно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)