зашто (сврз.) - има (гл.)

Вака, со бомбата, изнашле начин како да се ослободат од тројцата наеднаш, но мажите и сите жители на Потковицата отворено се побунија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сите тројца беа осомничени, а во Потковицата тоа секој го знаеше, дека соработуваат со комунистите во Прилеп: собираа пари, обувки, облека, храна и оружје за партизаните, но зашто не можеше ништо да им се докаже, односно зашто имаше кој да го заштитува Ѓорета, деленицата нивни, Божин Дамчески Штркот, кој таму, во Софија имаше своја фабрика за шеќер и врски со дворот, секогаш кога ќе ги затвореа по неколку дена ги пуштаа, а тие, предводени од Ѓорета, пак си ја продолжуваа старата работа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Гледав една ваква пеачка група - составена од една девојка и двајца младичи, кои тешко се препознаваа, зашто имаа долги коси до рамениците.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Разговаравме. Јас бележев во нотесот, зашто имав намера да ги изнесам и на хартија моите импресии од оваа посета на Монмартр.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа ми дојде на памет, зашто има лично искуство со таква врска на далечина.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Фелдфебелот беше конечно збунет, а беа збунети и другите зашто имаше повеќемина што беа настрвени на Србина кога го видоа другарот мртов.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Брзаше зашто имаше голема недовршена потрага. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нејзината сопственичка, Марија, беше самотна жена која секој ден, пред да оди на работа, ја оставаше и го замолуваше Богдана, како новодојден, да ѝ обрнува поголемо внимание на пудлицата, зашто имаше впечаток дека другите од персоналот тоа не го чинат доволно.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во жалбата наведе дека вештото лице кое изврши увид, дава свое мислење само околу тоа колку е оштетена куќата а не и кои се причините што довеле до оштетување на куќата; дека вештото лице самото наведува дека не е стручњак по ова прашање; па спрема тоа, треба стручно лице да даде свое мислење за причините што довеле до пукање на куќата, зашто има и други куќи во селото што се на иста или приближна оддалеченост од каменоломот, а не се оштетени; што се однесува до сведоците: тие тврдат дека пред употребата на експлозивот, куќата не била напукната, но не можат да тврдат дека тие пукнатини настанале токму од експлозиите или од нешто друго.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Јас го молев да ми договори ауденција кај султанот, како мухтар и како човек што ја штити државата, но и Маказар и целиот крај, зашто имаше неправди спрема рисјаните и за да има мир и слога, треба за сите да биде добро и според законите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Зашто пушката на чуварот остана кај мене кога тој еднаш ме замоли да го заменам зашто имал некоја приватна работа да си сврши...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Јас тебе плати цаса по глава“ му рече таа така јазично искажуваајќи го повече своето италијанско потекло одошто англо-американката натурализација, но сепак не налутено зашто имаше нешто успокојувачко во тоа што до тука го чу иако гореше од љубопитство да го дознае остатокот од прикаската.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дури тогаш Јани му кажа дека „патем“ тој навраќа до дома зашто имал нешто да се разбере со жена му. (Еби си мајката, помисли Едо и со сила се насмевна за да ја прикрие непристојната мисла.)
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Некои велат дека затоа толку се сакало, оти тешко се доаѓало до рожба; јас не би се согласила, зашто имам толку искуство и знам дека и не мора да биде вака страшно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Како уредник ги корегираше колумните и ги надополнуваше со свои сознанија, инаку многу драгоцени зашто има поголем стаж на живеењево СФРЈ од мене.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Блаже одеше по дрва зашто имаше татко пијаница кој слабо се грижеше за куќата и семејството, а јас и Орде затоа што немавме татковци.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
И зашто има две очи, прекорот е убедлив, но за она во зрелата 'рж туку за нешто што и ти не го знаеш .
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Свети целиот како мојов ибрик зашто имал сила да ми подари роб!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Доцна синоќа, откако го изгаснаа ламбичето, откако го запретаа жарот во огништето и си легнаа, добриот старец не заборави да му напомне дека треба да внимава на овците што се пред ојагнување, посебно да се грижи за малите јагниња, да ги дои, зашто има овци кои не сакаат да ги дојат своите рожби.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Знам дека имам што да кажам. ќе кажам, многу храбро, зашто има кој да ме слушне.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Можеби се врзував од сожалување зашто имаше тажни коцкарски очи и желба за доминација.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А сигурно само цицало, зашто имаше синкав отсјај во очињата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- така го викавме зашто имаше руса коса и бели трепки.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Само што Анѓа не беше толку очајна како Сирма, зашто имаше три деца, та се надеваше белким некое од нив ќе најде живо ако се врати.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
За тоа со сигурност се сеќавам, зашто имав кратки, пролетни панталонки сошиени од шарено италијанско ќебе.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Не знам дали беше гратче или некој вид логор или прифатилиште, а повеќе личеше на болница зашто имаше многу ранети и оздравеници кои, како што се зборуваше, си го чекаа редот за враќање на боиште.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И зашто има две очи, прекорот е убедлив, не за она во зрелата `рж туку за нешто што и ти не го знаеш.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Лидија оди в градинка, а Зоки не оди, зашто има баба која може да го чува дома.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Но оваа варијанта не била толку многу разработена, зашто имало други, поуверливи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Јас со страв погледнав во другите деца а тие само неколку бисквитчиња во раце, па ми беше незгодно да го примам пакетчето, зашто имаше сигурно три килограми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас дури заборавив дека домашните ми рекоа веднаш штом ќе нѐ пушти учителот да си одам право дома, зашто имавме некоја работа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дедо Геро него не го отепа, зашто имал многу деца и имотот не му бил којзнае колку голем.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Требуе да ги учат на закон Божиј, и да идеме у црква, зашто имаме многу на душата спасение.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Тоја што го купил многу го возљубил, зашто имал добр хадет и разум, и му стојал диван кога вечерал.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Петрович го работеше шинелот само две недели, зашто имаше многу прошивања, инаку тој ќе беше готов и порано.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не треба да се претерува со такви нешта, зашто има опасност да почне да не разликува сон од јаве... да ги меша...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И прославата на науките пред еден месец кога се довлечкаа со последната моторна кола, собирајќи многумина патем, а секој од нив беше среќен зашто имаше можност да ја тресне колата со голем метален чекан.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)