зашто (сврз.) - верува (гл.)

Може да се случи меѓу првите да загинам... Го определувам за свој заменик Онисифора Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Месечината заоѓа и сега обајцата се слепи, Турчинот, иако без нозе, посигурен е во силата на ножот зашто верува дека Македонецот е без оружје.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И тоа само затоа зашто верувам оти и загубеното може да се врати.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Но не брзај во потрагата, зашто верувам кога ќе дојде времето и тој сам ќе те побара.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се криела ли итречка игра на челникот во тој предлог да го придобие на своја страна бунтовниот имењак од прости сметки зашто верувал дека тој може да посегне со своите тешки шепи кон невидливата књазовска круна на кукулинската татковина?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)