зашто (сврз.) - бил (гл.)

Внатре е во гробот и не нè гледа, нели? - праша и продолжи: - Сега дедо е во истиот гроб, зашто биле маж и жена? - Да.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Со чесна војна ќе дојде до почит, зашто бил посилен од најсилниот!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
И сите знаеле дека Онисифор Проказник не го сака во тајфата, не зашто бил во работните дни песнопоец, никако заради тоа, туку зашто патем можел да стане товар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не зашто бил начнат од сакагија туку зашто можел да биде симбол на сите надежи во тие дни.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од таквите, велеле, се бега и по неврвици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако изгледало дека нивниот вид хумор го тривијализира страдањето, тоа не е зашто биле бездушни, безобѕирни, надмени или бесчувствителни во однос на болката и тагата – било сопствената, било туѓата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)