зашто (сврз.) - бев (гл.)

Гледав дека нему му е мило што е тука, а и мене ми беше мило, зашто беше човек пријатен и, наспроти маказаречките околности, испеглан и чист.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дали затоа што дарот за пишување веќе не ме служеше како некогаш, или можеби зашто бев разнебитен и отсутен, заради последните настани.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Островот ли е формулата за човечката блискот, со својата средморска осаменост, но и со оскудноста со која задно живеат и луѓето од овој архипелаг?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тука се појавуваа еврејски весници на француски, функционираа училишта на Аллианце Исраелите Универселле, имаше банкарски куќи како Тиано со експозитури во Париз, Трст, Џенова, Марсеј, Лондон и Женева, а во градот дејствуваа клубови што носеа имиња Церцле дес Интимес, Нувеау Цлуб, Церцле де Салониљуе...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Двајцата се воодушевуваа од севозможната, етнички мешана и така питорескната костимографија на градот и особено на нивните едноверци - некако не им одеше веднаш да кажат „сонародници” зашто беа толку различни од нив - од кои најголемиот број беа скромни луѓе, постарите сè уште облечени традиционално, со фесови, антерии, широки женски здолништа со долга престилка и специфични женски капи што ѝ личеа на дајриња ставени на глава и врзани под брадата, сите дотерани на туѓ, ориентален начин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој стана градоначалникот на Закинтос, главниот град на истоимениот остров зашто беше омилен меѓу жителите и избран како честит и примерен жител, за прв човек на главниот град на островот, но според авторитетот, би се рекло и на целата островска заедница што броеше близу триесет илјади души.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Рена не го слушаше раговорот зашто беше отидена со детето кај мајка ѝ.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но, ми беше чудно, зошто сите носеа пластични кациги на главите и зашто беа забрадени до носот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа му причинуваше и извесно самозадоволство, несетено дотогаш, зашто ѝ придаваше на неговата личност неочекувана важност, но истовремено и повеќе го тревожеше, зашто беше блиску до умот дека тие нема лесно да го остават на мира, ами ќе му одат по трагите.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Никој не можеше да сети ни дали гледа, ни што мисли, зашто беше потајна душа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сакав да ја искорнам сопствената утроба зашто беше толку многу гладна.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Понатаму: Постојано сакав да ме истепате зашто бев сигурна дека никогаш не би можеле да го сакате мојот задник, но ако го истрескавте, тоа ќе значеше дека барем на некој начин сте го прифатиле.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Да се потсетиме дека Прометеевата казна се состоеше во тоа да си ја разорува и прождира сопствената утроба („сакав да ја искорнам сопствената утроба зашто беше толку многу гладна”), додека беше закован за карпата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Луѓето беа собрани околу него, огнот што веќе не можеше да згасне, зашто беше добро потпалуван уште од самиот почеток.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Понатаму беше сè исто како и секоја година; до изнемоштеност трчавме низ тревниците - што не беа тревници - зашто беа запустени од летните жештини.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тогаш дојде Соња. Не ја видовме цело лето, зашто беше заминала кај тетка ѝ во Битола. Неверојатно: само за едно лето се извишила.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Беа фер. Ништо не ми префрлија дека се одделив од нив и седев со Оливера.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Зошто не измислат нешто поатрактивно, одошто тоа редење во училишниот двор и ѕвонење на училишното ѕвонче?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Девојчињата беа многу смешни. Облечени како кукли - се бакнуваа, прегрнуваа, се смееја, пискаа и којзнае што шушкаа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Веројатно се смилостивија дека ме гледаа некако скиснат.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Боге се изненади, зашто беше готов да го заборави тој разговор, како и сите други што влегуваат на едно уво и излегуваат на другото, оставајќи во главата место за поважни мисли.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Доктор Миха се поздрави со сите (стискање дланки и тресење раце, допирање бради и тупкање по плеќи) и седна во својата половна, стара кола, планирајќи каде ќе застане да дремне со дланките и челото на воланот, оставајќи го моторот да работи на мал гас зашто беше сува зима со студ до коски.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој јадеше на брзина, зашто беше нестрплив да стаса пред училиштето, каде сега веќе беа насобрани многу деца и сигурно веќе водеа жестока снежна битка.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тоа и ги тешеше брезничани, но и жалеа по Брчалото зашто беа сигурни дека за нив вистинските добрини допрва ќе доаѓаат со помош на Брчалото.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Христијаните молеа во пресметката да ја изгуби главата тој, Арслан бег, не само зашто беше опачен и неприкрепен на умот, туку и дека она во кое до појавата на гласот само се сомневаа, сега, благодарение на него, на гласот, сосема веруваа, а Турците Арслан бег да го надвие гласот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таа, Трајана Дамческа, иако беше жена, за сè што ќе се договореа да направат или ќе направеа жителите на Потковицата, имаше свое мислење и по свое го правеше и, мораа да ѝ се признае, повеќе пати работите излегуваа на нејзиното.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но во дуќанот, бездруго зашто беше рано, освен калфите, го разгоруваа пампурот, никого друг не најде.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Оттогаш и оттаму беше измислена песничката за него, а тука, зашто беше вистина, немаше лутенка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но зашто беше невешт со иглата и со конецот, или се правеше невешт, Василица, за да го мазне што побрзо од дома, сама му ја соши петлицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Најдо Акиноски, кој им беше син на закланите Михаила и Трајанка Акиноски и кој зашто беше посветен од Организацијата и излезен да комитува па остана незаклан, си подигна куќа на североисточните падини на Горник, веднаш над старата Дамческа куќа, над онаа во која, по делењето, останаа да живеат Дамчевци Џаџовци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А беше и среќен роден, во ист ден со Петара Акиноски и во една вода заедно со него крстен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од тие неколку невини и копнежливи љубовни погледи, додека мајката, кинејќи го со заби конецот го крпеше Десимира, се изроди сета идна несреќа на чупата и на сиот сој Јанчески.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Лазор, зашто беше таков, гол и премачкан со шарлаган, нешто што беше и срамно понижувачко, со наведната глава, а Исо, за цела глава понизок од Лазора, но многу поплеќест и подебел, речиси гргулест, ги креваше рацете над глава, плескаше со нив, се вртеше во круг и извикуваше борбено.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Првин никој не му поверува, зашто беше алипен и зашто не знаеше што зборува, но тој се расплака и изговори: Видан ја сакаше мајка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Напред пред борачите одеа тројца зурлаџии и еден тапанџија, (свиреа, корнеа зурлите, бувташе, уриваше тапанот) а по нив сета прилепска чаршија, сите пазарџии, меѓу кои и главите на сојовите од Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Неа, Трајана Дамческа, мајка му на Ѓорета, зашто беше висока како далјан, и зашто навистина беше комитка, уште од пред востанието во Крушово 1903-та, никогаш уште оттогаш не го симна чифтето од рамена, сама управуваше со момците, со аргатите и со сиот имот на Дамчевци Џаџовци, жителите на Потковицата, и на сите околни села така ја викаа, Комитка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш сите му поверуваа и се стаписаа, а војниците и полицајците се втурнаа на него, за да го фатат и да го врзат, но Димко, и ако беше дечоан, беше истеран на татка си, јак, висок и малку згрбавен, се разврти со стапот и неколкумина од нив зеде по глава.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На тоа, на заканите од странските чети, не се обѕрнуваа само Акиноските, веројатно зашто се чувствуваа силни, зашто беа многубројни, заедно со луѓето кои живееја на Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зашто беше полуслеп и зашто беше толку остарен што не можеше да ги спопашка, дечиштата го тргаа за ресачката и го галатеа: Никола-серикола, врзи кучка за дирек; Никола удри, кучка сери, Никола бери!
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Главатарот дури сакаше да ми подари една празна конзерва, но од џунглата дотрча еден црнец и рече: - На Карамба-Барамба лав му ја изел сенката.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- Ти задржи го овој глобус кога така убаво знаеш да патуваш.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
8. Еве ме пак крај белиот ѕид на ној беа нацртани еден зајак со шапка, еден елен со чизма, еден замачкан човек и старецот на две половини, зашто бев мал за да го нацртам цел.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Му пречеше заглавената гранка, а и добро е што му пречеше, зашто бев сосем до него и му ги броев забите.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
И зашто бев мошне малечок го нацртав човекот на два дела, таков каков што беше, и со закрпени ланталони.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Овој чичко ќе си поигра со кучето и пак ќе го донесе, а можеби и Сократ ќе се врати.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Но, тоа не е зашто беа сосема без усет за привлечноста на геј-културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со парче од керамитка на еден камен од ѕидот влечевме црвена црта и со неа ги бележевме деновите што одминуваа и секоја ноќ сонувавме камиони што нѐ чекаа за да нѐ вратат дома, зашто беше речено дека по дваесетина денови ќе се вратиме... не знам зошто и не знам кој ни рече дека тука ќе дојдат камионите и тука секој ден ги чекавме...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Малку понесовме зашто беше речено дека многу брзо ќе се вратиме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но овој пат ги пеевме и посилно и погромко зашто бевме за една година повозрасни...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Еве на кој начин самиот Шатев го поврзува и го објаснува местото на Делчев во гемиџиската акција: “Тој (Гоце) наполно го усвои, го поддржуваше и одобруваше таквиот вид на борба (диверзии - динамитни акции), зашто беше против едно предвремено општо востание кое при тогашната општоевропска и општобалканска положба, освен што немаше да даде некои позитивни резултати, напротив, ќе ја растроеше уште повеќе ВМРО, без дури да се предизвика каква и да е интервенција од страна на големите сили.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се поздравив набрзина и со трчање отидов во училиште, зашто беше доцна, без да разберам која беше другата жена со тетка Рајна и што бараше кај нас.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Која сила го донела, по кој пат дошол, не можеше да им одговори зашто беше онемел, ниту можеше да ги слушне зашто беше оглувел.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Пред некој ден, добив чудно писмо. Велам чудно, зашто беше прозрачно, некако влажно, воздушесто, маглесто.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Го сакавме сите, зашто беше по многу нешта поразличен од нас. Некако невообичаен. Чуден.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога го гледам Висара, ми се чини како да го гледам син ми. Зашто беа неразделни другари“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Таа го метеше училишниот двор, зашто беше сиот прекриен со паднатите пожолтени лисја.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Задоволно им се ситевме, зашто беше јасно дека прометот екстремно им опаѓа.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Лесно можеа да ве прелажат да го купите еднаш, зашто беше поефтин од Краш.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Над нас мракот беше испресечен со зелени пукнатини, под нас земјата се грчеше од гнев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И небото и таа земја, врзани со линијата на ридот зад урнатиот манастир, немо ги слушаа сите наши болки зашто беа свикнати на човечки мачења какви што беа нашите - само небото во тие мигови можеше да знае кој и како умира на земјата, тоа небо на светци со мртво лице на еден мртов Јаков Иконописец и таа земја во чии мочуришта живеат острозаби чудовишта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бираше истите да бидат на ластик зашто беше свесна за своето ширење.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Честеше зашто беше на трагата на твоето пронаоѓање.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Вредеше да се остане малку за погледот, малку за стравот што ми надоаѓаше однатре – или беше зашто бев гола, снегот раскашавен и мојот капут во хотелот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Па што има таму? – рече Петрович и во истовреме го разгледа со единственото око целиот негов виц-мундир, започнувајќи од јаката до ракавите, грбот, фалтите и петлиците, сѐ што веќе му беше многу добро познато, зашто беше производ на неговите сопствени раце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пишувам дотука, немам желба да продолжам да се сеќавам што си мислев.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Го најдов мирот, ја најдов половината што недостасуваше, зашто беше изгубена.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ноќва можеш да се префрлиш таму со камион.“ „Од утре,“ се исправи и Отец Симеон. „Дојдов кај тебе заради тоа утре зашто бев сит од номадство. Благодарам.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мора да е некаде околу тој датум, зашто беше прилично сигурен дека самиот тој има триесет и девет години и веруваше дека е роден во 1944 или 1945 година; но сега беше невозможно да се утврди каков било датум во рамките на една или две години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но тоа не беше важно, зашто беше просто незамисливо дека би можеле да се состанат некаде во затворена просторија, или да разменат некаква писмена порака.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Везирот што го прими писмото дури и не го отвори, зашто беше адресирано лично до самиот султан.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не толку заради земјата, бидејќи таа не ги привлекуваше нивните апетити, зашто беше пуста пустелија – џунгла, ами да не ги соблазнуваат нивните чифчии по полето со таа нивна слобода со која секогаш и секаде се фалеа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Отидов пак во кафеаната „Солун“ за да ми помине времето зашто бев многу нервозен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Едо скоро и да не го слушаше Марко зашто беше опседнат од девојката зад шанкот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во Скопје повторно купи карта само до Врање зашто беше со намера до Сежана, во Словенија да се повозува бесплатно за да му стасаат парите што ги имаше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Командирчето знаеше на многу работи да премолчи зашто беше умен, си го чуваше зборот за полоши времиња па луѓето како што го засакаа него така се засакаа и меѓу себе.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Не можеше да го види човекот зашто беше заслепен од силното светло.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Знам, зашто бев таму.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А мене ми вели, "Тоа ѝ го реков не за да ја успокојам, туку затоа зашто беше така.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Бидејќи старешината Раде, како и готвачот, не му дозволија на Винко да го земе на логорување, Винко сите ноќи пред одење на логорување не ги преспа од жал за Џеки, од жал да го остави само дома, да пека и да го бара, зашто беа неразделни; никогаш не го оставил само.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Глас: Во пазувите на Ефес прапотомокот на Херакле по име Филип Македонецот по потекло од Карановата кралска лоза ја побара раката на Олимпија од братот ѝ Аримба зашто беше се вљубил во таа девојка без родители, прапотомок на Ахила, од Неоптоломеевата кралска лоза. Ахил пак беше син на кралот Пелеј.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
“ И токму тогаш кога се подготвував да застанам пред голот, па ја соблеков маичката зашто беше многу топло, другар ми Нацка (тој се вика Александар, ама ние сосем кусо го викаме - Нацка) се загледа во моето рамо и ве праша, вчудовиден.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ние упорно тропавме зашто беше многу студено.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Остана во рововите на Плетвар што ги копале Германците.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Трнавме во сватови по невестата, уште одвечер, зашто беше далеку.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога ќе ги закопавме плачевме вистински, зашто нешто нѐ тераше, зашто бевме многу мали кога ни беше нарушена детската игра и детската фантазија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ние отстапувавме зашто бевме откриени од Германецот што ни помогна, тој што ни рече дека бил доктор.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ние две постојано бевме заедно, зашто бевме врснички, но немавме никакви играчки.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Имавме движење за Богомила, цел ден и цела ноќ пешачевме, не знам во колку часот стигнавме во селото и почнавме да тропаме по вратите да ни отворат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Онака, онака, ама и вака”, рече игуменот, кој не се лутеше лесно, зашто беше еден редок човек што знаеше дека смешките ја крепат човечката самотија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Ќу-укш! запре две магариња и еден селанец, најверојатно исто така од Блатието, зашто беше натоварен со трска за правење рогозини од шамакот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Неизоставно ќе ѝ се јавам, си ветив, и ќе ја проверам состојбата на теренот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас не сум „по колачите” и ако воопшто сакав да сум на местото на Јана, тоа беше поради кошарката, зашто бев убедена дека е подобра од мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)