додека (сврз.) - ќе (чест.)

По додека ќе трае“, му рече со сосема благ трепет во гласот, како да се чувствуваше виновна за тоа што го рече, а сепак го рече.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Срцево ми е меко, сепак ќе се случи еднаш- на овие двајца на тил ќе има седнам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Земи го и сонцето, рече Барбут- бег. – Ти го давам за малку месечинена ткаенина, со која ќе се покријам додека ќе спијам на своето парче ноќ.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Родителите постојат додека ќе постојат. Хелвиг е нивни единствен наследник.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Пред да сфати како паднало последното младо стебло (биле исечени за цела зимска седмица), Лозан Перуника го видел предавството на крвта, на годините, на прегладнетоста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бездруго веќе знаел како морало да се случи: Арсо Арнаутче ја фрлил секирата и, чиниш во пад е, ја повлекол со себе покорената жена кон невидени длабочини, поточно кон земјата од која ќе почне нивното барање на длабочините додека ќе ги сменуваат писоците од уста в уста рамно, од месо в месо; ја видел, трет во тоа збивање, испреплетеноста на змиската игра и со обете раце се фатил за првото стебло како да ќе го искорне; само се лизгал со дланките по мазната кора паѓајќи на коленици и удирајќи со главата во празно како да стресувал од вратот копривно лути гасеници.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не! Ќе трае и во моето и во твоето колено и во колената на колената наши се додека ќе бидеме вакви, без дома, или, како што се вели на митинзи и свечености – без татковина...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ти тргна по правиот пат уште пред петнаесет години и оди по него додека ќе ти стои главата на рамењата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Таа вечер му се јавив на Зигмунд. Рече дека има малку време во текот на следниот ден, и дека можеме да поразговараме додека ќе ја разгледува изложбата „Мајката и Синот Божји“, поставена во Кунстхисторишес Музеум, за која од цел свет беа донесени стотици слики кои ги претставуваа Дева Марија и Исус.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Долго стоевме пред „Богородица и детето Исус“ и „Распетието“ од Џовани Белини, донесени од музејот Корер од Венеција.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еве, ветувам, ќе ве слушам сѐ додека не се врати баба, додека ќе бидам сам! Те молам, тато...“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Барем сега, додека ќе ги сонува оние несреќници од Костурницана, да не му дозволиме на ѓаволот да му приоѓа!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Всушност веќе не бев сигурен дали ќе можеме да ја оставиме надвор од нашите размисли девојката в бело додека ќе го чекаме Виктор да се врати.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сѐ додека ќе има граници на Балканот, тој ќе биде клет, мила моја. – Еден ден, сигурно ќе се кренат границите, ама тие уште долго време ќе останат во луѓето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И таа пасеше теле; и додека ќе си подречеа нешто, таа си го милуваше своето теле по главата; и тој си го милуваше своето; по некое време без да забележат, несвесно, тој го милуваше нејзиното тело, таа неговото.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)